Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/литар според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 68,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќе ќе се продава по 61,50 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,229 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.11.2019 година и ќе се продава по 33,186 ден/кг.