Интегрален текст од прес конференцијата на Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на Жени на СДСМ
„Во името на заштитата на правдата ги повикуваме сите пратеници, од сите парламентарни партии, пред се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржат барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.
Најважно во овој момент е да се затвори нелегалната аболиција на Иванов и да се обезбеди одговорност пред законите на сите оние коишто ги прекршиле.
Наместо да се занимава со несериозни и неиздржани предлози, Христијан Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето на СДСМ.
Затоа Мицкоски прво нека ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Барањето, а потоа може да се дискутира и за други предлози.
Почитувани,
Последните скандалозни случувања во правосудството јасно покажуваат дека и зад најавите од Уставниот суд, стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.
Уште еднаш се докажа дека Мицкоски работи исклучиво во корист на неговиот ментор од Будимпешта и фамилијата.
СДСМ се бори за правдата да биде задоволена, нема да дозволиме амнестии, нема да дозволиме остатоците од режимот и инсталациите од сваровски судството да ја попречат правдата.
Граѓаните очекуваат правда и правда мора да има.“