Брачна двојка од Волос, Грција била шокирана откако откриле дека се брат и сестра.
Двојката била во брак десет години и имаат три малолетни деца.
Според грчките медиуми, 30-годишен маж и неговата 26-годишна сопруга ја посетиле Даночната управа за да бидат ослободени од данок како родители на деца со посебни потреби, бидејќи сите три нивни деца имаат инвалидитет.
Меѓутоа, кога даночниот службеник ги ставил нивните податоци во електронскиот систем, открил дека мажот и жената се родени брат и сестра, односно потекнуваат од иста мајка, но од друг татко.
Тие шокирани ја напуштиле даночната канцеларија, а повеќе детали за тоа дали воопшто знаат каде е нивната мајка и како сето тоа поминало незабележано, сè уште не се познати.