Голанот на Ливерпул, Алисон Бекер, го освои признанието за голман број 1 во анкетата за „Франс Фудбал” за 2019 година.
Тој ја освои наградата со името на легендата Лев Јашин, која се доделува за прв пат.
-Благодарам на сите – најмногу на моите соиграчи и моето семејство, рече шампионот во Лигата на шампионите.
Зад Бразилецот завршија Марк-Андре тер Штеген (Германија / Барселона) и Едерсон (Бразил / Манчестер Сити).