Момче од Тексас родено како Истон денес е девојче по име Ела, а многумина веруваат дека нејзините родители побрзале со одлуката да му дозволат на своето дете да го промени полот.
Тие скоро секој ден се изложени на бројни критики на социјалните мрежи, а некои одат дотаму што ги нарекуваат „злоставувачи“.
„Кога Ела имаше две години, почна да покажува знаци дека не се чувствува пријатно во своето тело. Околу четири години, таа нè извести и вербално дека требала да биде девојче и се прашувала зошто излегла од мојот стомак како момче“, рече нејзината мајка и додаде:
„Еден ден удри во бањата со тупаница и рече: ‘Мамо, направи ме девојче’. Тогаш знаев дека мора да направиме нешто. Во секој случај, јас и мојот сопруг ја поддржуваме нејзината транзиција, без оглед на тоа што секојдневно се соочуваме со осуди“, истакна госпоѓата од Тексас.
Нејзиниот татко рекол дека единствената цел во животот му е неговото дете да биде среќно и дека не го интересира ништо друго, пренесува „Објектив“.
„Сè што сакам е моето дете да биде здраво и среќно. Точка. Ако ова е потребно за Ела да биде среќна, тогаш нека биде така“, додаде тој.
Ако, пак, Ела се премисли еден ден и сака повторно да биде момче, нејзините родители тврдат дека би ја поддржале и во таа намера и би и дозволиле повторно да го смени полот и да биде она што била веднаш по раѓање.