Обвинителката која го води случајот „Рекет“, Вилма Русковска е задоволна од почетокот на судењето за случајот, но вели дека очекувала признание на вина од повеќе обвинети, а не само од обвинетиот Зоран Милевски Кичеец.
Таа го демантираше Бојан Јовановски- Боки 13 кој во воведната одбрана рече дека колку што седел со Јанева во ресторани, исто толку седел и со Вилма Рускоска, спорејќи го обвинението кое го товари за влијание врз поранешната обвинителката од СЈО. Обвинителката пред новинарите рече дека се познава со мајката на Боки 13 со кoја биле иста генерација и се познавале од прво одделение.
-Јас лично Боки го запознав кога првпат отидов да гостувам на таа телевизија, а во ресторан сум била со него само кога беше прославата на 1ТВ и толку од нашите седења и дружења по ресторани. Сето она друго што го кажа е невистина, истакна Рускоска.
Во однос на исказот на Боки 12 дека таа му обезбедила некакви информации, обвинителката рече дека не му дала никакви информации и дека новинарите треба да бидат сигурни во тоа. За изјавата дека камерите во домот на Јовановски ќе докажат каде се парите, Рускоска рече дека не знае дали тоа вештачење е завршено и дека доколку е така „ќе биде добро доколку се утврди каде завршиле парите”.
Обвинителката, на прашање на новинарите за пораката на Јанева до судиите да не се плашат од Рускосвска, рече дека поранешната специјална обвинителка не е во ситуација на никого да порачува дали да се плаши или не.
За почетокот на воведниот збор каде го спореди предметот „Рекет” со филмот „Чарлиевите ангели”, обвинителката Рускоска рече дека таа направила аналогија со тој филм.
-Секако дека сум го гледала, но не сум ја гледала македонската верзија, документарецот што тие си ја снимаа за себе и затоа почнав со Чарлиевите ангели, мислејќи на документарецот, рече Рускосска.