Одборот на доверители на новото јавно тело кое ја надгледува обновата на париската катедрала Нотр Дам денеска ќе се состане по првпат.
Францускиот претседател Емануел Макрон го именуваше Жан-Луј Горзелин, поранешен воен началник, да раководи со тоа тело. Набрзо по пожарот на 15 април, Макрон даде амбициозно ветување дека катедралата ќе биде обновена до 2024 година.
Во првите денови по пожарот, за обнова на Нотр Дам без собрани речиси милијарда долари.