Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека ништо лошо не направил во телефонскиот разговор со украинскиот колега Володомир Зелински, а по кој во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес беше отворена процедура за негово отповикување од функцијата заради обвинувањата дека извршил притисок врз Украина да го истражи неговиот политички ривал.
На прес конференција на самитот на НАТО во Лондон тој ги критикуваше демократите во Претставничкиот дом кои ја водат истрагата за негово отповикување, пренесуваат британските медиуми.
-Ништо лошо не направив. Не осудувајте некого кога не прави ништо лошо, рече Трамп.
Тој повторно го правдаше својот разговор со украинскиот претседател, а истрагата за отповикување ја нарече „лов на вештерки”, обвинувајќи ги демократите дека три години се обидуваат да ја поништат неговата победа од 2016 година.
-Тоа се прави само заради политички поени, ќе видат дали можат нешто да направат за 2020 година, бидејќи во спротивно ќе загубат, рече Трамп