Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во пресрет на самитот на НАТО вечерва во Лондон имаше средба со Ангела Меркел, Емануел Макрон и Борис Џонсон.
Состанокот за ситуацијата во Сирија со челниците на Франција, Германија и Велика Британија беше добар, изјави турскиот претседател, вечерва, веднаш по завршувањето на средбата.
Четворицата разговарале за турската операција „Извор на мирот”, насочена кон курдските милиции Единици на народната заштита и Работничката партија на Курдистан на северот од Сирија.
Меркел по средбата кажа дека имале добар и користен состанок.