Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва во интервју на Отворено на ТВ 24 изјави дека е потребен ветинг во судството, а тоа го направиле неколку европски држави во деведесетите години.
– Ветингот е неопходен, за жал не го направивме години наназад, иако многу посткомунистички држави Чешка, Полска, Словачка, направија некои видови од овој ветинг во раните 90 – ти и ги отстранија и шпионите и криминалните структури, рече Пендаровски.
Постои ветинг кој би се однесувал за судии и за обвинители и таму, подвлече тој, би се однесувал пред се евентуално на несразмерно зголемување на имотот додека се избрани судии и обвинители.
– Постојат три типа на ветинг, а јас сум за сите типови на ветинг, особено за оние кои ќе проверуваат дали имотот несразмерно се зголемил откако сте на функција и не само на крајот после четири или пет години да проверуваат. Тоа да биде ненајавено проверување. Во принцип сум за, рече шефот на државата Пендаровски.