Доколку се случи Шпанија да формира влада и да го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО во предизборниот период, со оглед на тоа што предвремените парламентарни избори се закажани за 12 април, за претседателот Стево Пендаровски не е спорно тој во Парламентотна Северна Македонија да биде потпишан по изборите и конституирање на новиот собраниски состав.
– Ако сите ратификации завршат и се чека на нас, бидејќи по сите 29 ратификации и ние треба да го ратификуваме Протоколот, а ние немаме Парламент и дојде до ситуација од нас да зависи, ќе го ратификуваме во април по изборите, рече Пендаровски во интервју за Телевизијата 24 вести.
Во врска со предлогот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се изгласа ратификација со одложено дејство, како што направила Црна Гора, тој истакна дека се уште има правни дилеми дали тоа би било правно издржано.