ЈП Водовод и канализација – Скопје и Црвен крст на РСМ – Општинска организација Чаир на ден 03.12.2019, организираа крводарителска акција на која се обезбедија 48 крвни единици од кои 42 мажи и 6 жени, а 8 лица беа одбиени.
Оваа крводарителска акција е една од двете традиционални акции, кои неколку години наназад се реализираат во соработка со ЈП Водовод и канализација – Скопје каде во просек се обезбедуваат 50 крвни единици, што е од особено значење за организацијата односно за процесот на обезбедување на крвни единици, потребни за спасување на нечиј живот.