Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја откажа прес-конференцијата и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа, за премиерот на Канада, Џастин Трудо, рече дека е дволичен.
US President @realDonaldTrump calls Canadian Prime Minister @JustinTrudeau "two-faced" at the NATO summit in London.
Read more 👉 https://t.co/xN7Oqf4myn pic.twitter.com/Dsh6q0N6jE
— Sky News (@SkyNews) December 4, 2019
Како што е познато, на интернет се појави видео на кое се слушаат светските лидери, меѓу кои и премиерите на Велика Британија и Канада, Борис Џонсон и Џастин Трудо и францускиот претседател Емануел Макрон, како го озборуваат американскиот претседател Доналд Трамп на отворањето на НАТО-самитот во Лондон.