И оваа година Фудбалската Федерација на Македонија го организира традиционалниот избор на најдобрите во мак-фудбалот за сезона 2018/19.
Со цел да дадете свој придонес во изборот на најдобрите, овозможено им е на љубителите на најважната споредна работа во светот да го дадат својот глас за оние кои смеатат дека ја одбележале 2019 година на мак-сцената.
Во конкуренција за најдобар тренер се наоѓаат поранешниот тренер на шампионот Шкендија, сега предводиник на Шкупи, Ќатип Османи, Југослав Тренчовски од Академија Пандев и Александар Васоски од Вардар. За титулата најдобар играч во конкуренција се Владимир Брдаровски од Вардар, Висар Муслиу како играч на Шкендија, а сега интерационалец во редовите на унгарскиот МОЛ Фехервар и Љупчо Дориев од Академија Пандев.
Во конкуренцијата за најдобар млад играч се наоѓаат: Џемаил Ибиши (Вардар), Димитар Тодровски (Работнички). Флорент Рамадани (Шкендија). Покрај овие категории на интернат страницаат од ФФМ може да се гласа и за најдобар во футсал, најдобар тренер во мадински категории, најдобрите во женски фудбал…