Најмалку 11 лица загинаа во експлозија на гасоводна цевка за греење во западен Иран, а 42 други се повредени, објави денес иранската државна телевизија.
Експлозијата се случила за време на свадбена церемонија во курдскиот град Сакез, при што меѓу загинатите се пет жени и пет деца, пренесува АП.
Три повредени лица се во критична состојба.
Според државната телевизија, експлозијата се должи на протекување на гас од цевка во салата за венчавки.
Поради несреќата, иранската влада прогласи ден на жалост.