Четири лица беа убиени вчера на Флорида за време на полициска потера по разбојници на автопат. Крдците бегале со комбе за поштенска испорака, кое го украле заедно со возачот. Возачот го убиле пред полицијата да ги застрела нив.
Се започнало во округ на Мајами во 4 часот попладе, кога две лица се обиделе да ограбат златарница во област со многу луксузни продавници и ресторани. Сопственикот на продавницата за накит го активирал тивкиот аларм што стигнал до полицијата, но влегол и во престрелка со разбојниците.
Потерата се емитуваше во живо на телевизија во неколку сојузни држави. Полицијата ги бркала крадците повеќе од 30 километри, јави Ен-би-си.
„Осомничените во грабежот при престрелката во продавницата за накит застрелале една од вработените. Таа е болница“, изјави за медиумите началникот на локалната полиција, Ед Худак.
Двајцата крадци биле убиени на 32 километра од местото на грабежот, така што откако украденото комбе затанало, 19 полицајци кон него истрелале околу 200 куршуми.
Покрај двајцата крадци и возачот на комбето кој го убиле, при полициската потера загинал и еден возач на автомобил во близина.
Разбојниците го убиле возачот од комбето за испорака за време на потерата и го исфрлиле од комбето.
„Ние сме неизмерно тажни за нашиот колега кој беше жртва на ова бесмислено насилство“, соопшти УПС, компанија за испорака чие комбе било киднапирано.