Властите во Њујорк неделава објавија план за воведување електрични товарни велосипеди коишто треба да ги заменат возилата за достава кои ја загадуваат околината.
Доставните претпријатија на Амазон, УПС и ДХЛ ќе ја поддржат шестмесечната пробна програма на њујоршкиот Оддел за сообраќај, и тоа онаму каде што е најфреквентно, пишува „Њујорк тајмс”.
Други поголеми градови, како Париз, Лондон и Хамбург веќе имаат воведено електровелосипеди за достава.