И за словенечките ракометари лажни се вестите дека биле уценувани да играат покер со селекторот

Словенечката ракометна федерација го разреши од функцијата селектор на машката репрезентација Веселин Вујовиќ. Како причина беше наведено дека тоа го барале дел од репрезентативците кои се заканија доколку не биде сменет црногорскиот стратег тие нема да се стават на располагање на претстојното ЕП, како и невкусниот коментар на тренерот за време на еден тајм-аут кон играч од хрватскиот Загреба каде ја извршува функцијата тренер. Словенија на ЕП кое ќе почне на почетокот од јануари ќе игра во групата Ф заедно со Шведска, Швајцарија и Полска. На местото од Вујовиќ најверојатно на клупата ќе седне досегашниот негов помошник Урош Зорман.

По смената на Вујовиќ, словенечките медиуми почнаа да пишуваат за наводните караници на дел од ракометарите со селекторот, како и за тоа дека Вујо им земал по 300 евра за да играат „покер“ со него…Ова веднаш беше демантирано од страна на трофејниот тренер Вујовиќ, а и словенечките репрезентативци застанаа во одбрана на сега веше поранешниот селектор. Тие во соопштение за јавноста напишаа:

-Живееме во време во кое секој може да пишува што сака. Можат лажно да обвинуваат без наведување на некои докази или извори, а притоа да не сносат никаква одговорност. Ние  сме навикнати на тоа. Тие лаги не прават да бидеме уште посилни. Но, во овој случај некои медиуми ги минаа границите. Пред неколку дена некои портали кои главно се занимаваат со политика, пишуваа дека сме биле уценувани за да играме покер. Овие пишувања се смешни за нас и категорично ги негираме. Тврдењата дека сме играле покер само за да си обезбедиме место во селекцијата се невистинити и злонамерни. Сите ракометари знаат дека резултатите во последниот период не ни беа на посакуваното ниво, а ние играчите во ниту еден момент не направивме притисок за промени, тоа е одлука на Ракометниот сојуз. Медиумите како да сакаа да започнат војна меѓу нас и селекторот, но на сите да ви е јасно дека до тоа нема да дојде. Сакаме да му се заблагодариме на господинот Вујовиќ за неговиот придонес за резултатите на словенечката репрезентација во последните четири и пол години. Во иднина му посакуваме среќа. Заедно се радувавме на победите во Рио и Париз. Сега пред нас имаме нова голема шанса за успех како на ЕП така и на игрите во Токио. Затоа испраѓаме апел овие лаги да престанат, бидејќи Словенија е најдобра кога е обединета, напишаа репрезентативците на Словенија.

 

Треба да знаете
Последни објави