– Во понеделник, 9 декември кој е неработен ден поради државниот празник 8 Декември – Св.Климент Охридски”, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Како што информираат од Јавното сообраќајно претпријатие, жичарницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време за овој период од годината, односно од 10 до 17 часот.
Дежурни ќе бидат три билетарници – кај Транспортен центар 7:00 – 19:30 часот, кај Зелено пазарче 7:00 – 19.30 часот и во Ѓорче Петров 7:00 -13:00 часот.