На листата на компании кои во 2018 година оствариле најмногу приходи во Општина Гевгелија, на првите три места се наоѓаат казината „Принцес” и „Фламинго” и фирмата за пластични профили и цевки „Конти Хидропласт”, кои заедно имале приход од 85 милиони евра.
Двете казина, што се наоѓаат во близина на македонско – грчката граница и „Конти Хидропласт” заработиле 35 милиони евра повеќе од сите останати големи и средни компании во Општина Гевгелија кои оствариле приходи во висина од 50 милиони евра.
Најголемата гевгелиска компанија „Принцес хотел и казино” е неприкосновен генератор за приходи во Општината со реализирани 40,5 милиони евра.
Втора по голема според реализираниот промет, е компанијата „Конти Хидропласт” со заработени 26,9 милиони евра, а на трето место е казиното „Фламинго” со приходи од 18 милиони евра.
Споменатите три компании во 2018 година претставувале најзначаен импулс на гевгелиската економија.