Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија нема да се двоуми да одговори на какво било распоредување балистички ракети од страна на САД.
– Ќе имаме идентична реакција, како во огледало, изјави Лавров, прецизирајќи дека Москва ќе има соодветен одговор на секаков американски чекор.
Русија прелдожи мораториум на распоредување нуклеарни проектили од среден и кус дострел во Европа, откако Договорот за ликвидација на ракети од среден и кус дострел од 1988 година и формално заврши во август.