Првиот човек на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин удри жестоко по претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а причината за тоа е идејата за создавање на фудбалска Суперлига.
Според „Њујорк Тајмс“, Перез се сретнал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и притоа разговарале за создавање на ново натпреварување во кое место би имале само 20 најбогати екипи од петте најсилни европски лиги.
-Читав за овој луд план. Ако се вистините овие извештаи, овие предлози доаѓаат од претседател на клуб и осамен фудбалски администратор. Тешко е да се замисли поегоистична и себична шема. Тоа би го уништило фудбалот во целиот свет, како за играчите така и за навивачите и а оние кои се поврзани со оваа игра се поради интерес на мал број на луѓе. За среќа има доволно здрав разум во фудбалскиот свет за да ваков луд предлог се реализира,рече Чеферин.