Компанија нуди 130.000 долари за оној кој на робот „би му дал” лице

Британската компанија за помош при иновации со седиште во Лондон – Геомик објави соработка со фирма за производство на роботи во рамки на проектот во којшто се бараат кандидати – мажи и жени, кои „би го подариле“ своето лице на роботите. Победникот ќе добие 130.000 долари.

Според извори во Геомик, на овој проект се работи веќе пет години, а добиле и голема финансиска поддршка од инвеститори. За изборот на ликот победник, ќе има посебен тим, кои меѓу другото, ќе ги контактираат кандидатите и ќе им објаснат за каков точно проект се работи.

Дизајнерите од двете компании ги собираат пријавите на нивната и-мејл адреса: faces@geomiq.com .

Другата компанија сè уште не сака да го открие својот назив, но најави повеќе детали наскоро.

Треба да знаете
Последни објави