Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне. Во текот на денот облачноста ќе се намалува, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 5 степени, а дневната од 7 до 13 степени.
Во Скопје и околината променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне. Утринската температура ќе достигне до 3 степени, а дневната до 10 степени.