Каталонскиот гигант Барселона беше на праг да ја запише втората победа по ред во Ла Лига, но сепак Гранада во финишот од мечот освои бод (1-1).
Лук де Јонг постигна гол за гостите уште во 10. минута, но истиот беше поништен поради офсајд. Сепак, истиот фудбалер ги израдува Каталонците со погодок во 57. минута на асистенција на Алвес.
Бразилецот, пак, вечерва постави нов рекорд во Барселона. Тој се најде во почетниот состав на Каталонците на вечерашниот дуел и со 38 години и 247 дена стана најстариот играч кој настапувал за каталонскиот гигант во шпанското фудбалско првенство. Алвес во мај 2016 година последниот меч за Барса го играше против Гранада и тогаш имаше асистенција
Гави во продолжие беше исклучен поради два жолти картони, додека Гранада имаше неколку шанси за да израмни, а тоа им успеа преку Пуертас во 89. минута.
Барселона има 32 бода на шестата позиција во Ла Лига, па само еден бод ги дели од третото место на кое е Бетис.