Заев од граѓанската трибина во Битола: Скандалот со незаконското финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра мора да се расчисти

Одговорност мора да има за секој што ги прекршил законите во нашата држава, порача од граѓанската трибина во Битола, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, без разлика за кого станува збор.

-Го слушам Мицкоски деновиве предлага тие што прекршиле закони да не се занимавале со политика. Ама каде е одговорноста тука не споменува? Најважна е. Секој што се огрешил пред законот мора да одговара, за да не му падне на памет да краде или да дејствува спротивно на интересот на граѓаните. Еве и Талески и Мијалов и Јанкуловска, Груевски, не се занимаваат со политика и што треба сега според Мицкоски да не одговараат? Не, има да си одговараат до крај, одговорност во оваа наша држава мора да има. После народот ќе каже дали некој да се занимава со политика. Тој што е нечесен граѓаните нема да го прифатат, рече Заев.

Претседателот Заев повика на расчистување на сите случаи, но и на скандалот со незаконското финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Скандалот со тоа како 400.000 илјади евра незаконски се финансирала кампањата на ВМРО-ДПМНЕ мора да се расчисти, ги охрабрувам институциите да постапуваат, согласно законите. И тоа истите газди кои давале пари во Рекет.  Тоа е спротивно на изборниот законик и за ова кривично дело  мора да има одговорност за кој и да се однесува, мора да има одговорност, рече претседателот Заев на граѓанската трибина „На прав пат” во Битола.

 

Треба да знаете
Последни објави