Се обединивме различни партии со различни гледишта затоа што сакам да ја обезбедиме нашата држава, истакна Никола Бабовски, претседателот на Демократскиот сојуз на Власите во Македонија, партија дел од Коалицијата предводена од СДСМ.
Долги години бевме раскарани и поделени внатре меѓу себе, граѓани со граѓани, па дури и семејствата внатре беа раскарани. Затоа решивме да се обединиме во голема коалиција предводена од СДСМ и Зоран Заев со цел да излеземе на прав пат и тој прав пат го видовме како изгледа во Лондон со македонското знаме меѓу знамињата на земјите членки на НАТО, порача Бабовски.
Бабовски се осврна и на мерките спроведени во земјоделството, потенцирајќи дека над 300 милиони евра се вратени назад кај земјоделците за само две и пол години.