Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во повеќе пораки на Твитер ја повика Светска банка да не и дава повеќе кредити на Кина.
– Зошто Светска банка и дава пари на заем на Кина? Како е тоа можно? Кина има многу пари, а и кога ги нема ги наоѓа. Стоп”, напиша Трамп, додавајќи дека кредитите на Светска банка „ќе бидат намалени како што е договорено со американските акционери”.
Американскиот претседател нагласи дека кредитите постепено ќе престанат да им се даваат на земјите кои стануваат побогати.
Администрацијата на САД смеа дека Кина како втора економска сила во светот е доволно богата да се финансира сама и не и се потребни кредити од Светска банка.
Кина и САД се во трговска војна веќе една и пол година. Засега се уште не се знае кога ќе биде постигнат трговски договор. Билатералните односи се дополнително влошени бидејќи американскиот Конгрес наводно ја осудил кинеската политика во Хонгконг и кон Ујгурите, муслиманско малцинство во северозападниот дел на Кина.