По вчерашното сведочење на Орце Камчев во и пред судот за аферата „Рекет“,синоќа на Јутјуб беа објавени „бомби“, делови од седум аудио снимки, за кои дел од медиумите тврдат дека на нив се слуша гласот на бизнисменот Орце Камчев. Во нив се зборува за „отворена војна“ меѓу Камчев и Заеви, за „крв до колена“, за Мицкоски, Бранко и Љубчо…
Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Рускоска рече дека овие снимки не се дел од доказите за случајот „Рекет“, кој таа го води.
Според она што се слуша на снимките, а кои ги објави „360 Степени“, снимките најверојатно се настанати во периодот по објавување на снимките во „Ла Верита“ во почетокот на август годинава.
На една од снимките Камчев му вели на соговорникот дека ако не се смири топката (најверојатно мисли меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), ќе изгине семејството Заеви, а ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт. Камчев зборува за војна отворена од Зоран Заев кон него, најверојатно поради тоа што премиерот сметал дека тој (Камчев) стои зад објавувањето на снимките во „Ла Верита“ и така и помага на ВМРО-ДПМНЕ.
„Трагично е. Лошо е да ‘умреш со ваква смрт’, како Заев. Бар заврши работа, промени име, не стаи во НАТО, јас дадов интервју, го утепав од фалење и он мене у затвор“, се слуша во една од снимките.
„Ќе пуштам од Бугарија како Ким Јонг..Па тепајте се во Македонија. И ќе иде се у п…у матер. И ќе дојде Мицкоски. И шо праиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека 30 години најпаметни Љупчо и Бранко испаднаа и после седнаа се договорија, така беше?, се слушана друга.