Здруженијата на дијабетичари ја поздравуваат одлуката за уништување на сомнителниот инсулин

Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) ја поздравува одлуката на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за здравство, за уништување на заостанатите количини на инсулини кои се чувале во Бирото за стокови резерви, а биле набавувани со Законот за паралелен увоз.

Ваквите одлуки треба да продолжат се до уништување на последното инсулинско пенкало кое е со сомнителен квалитет од времето на паралелниот увоз.

Благодарност до Министерството за здравство за тоа што конечно лицата со дијабетес 123.850 во нашата држава, можат да бидат сигурни во квалитетот на инсулините кои се набавуваат со гаранција за квалитет на истите.

Треба да знаете
Последни објави