Јувентус му нуди на Холанд три милиони евра годишно

Италијанскиот шампион Јувентус се уште има намера да се здобие со напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Холанд, за кого се заинтересирани и Манчестер јунајтед, Борусија Дортмунд , Лајпциг и Наполи.

Клубот од Торино стапи во контакт со Мино Рајола, агентот на 19-годишниот Норвежанец, нудејќи му на играчот плата од три милиони евра годишно плус бонуси, пренесува „Кориере дело спорт”.

Претходно се дозна дека според условите на договорот, во јануари Холанд може да се купи за 20 милиони евра, а Борусија е подготвена да го искористи ова.

Договорот на напаѓачот со Салцбург важи до 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави