Хрватскиот фудбалски интернационалец Иван Ракитиќ кој во последно време почна повторно да се појавува во почетниот тим на Барселона, но ја менува намерата на шпанскиот првак во јануарскиот преоден рок да го продаде. Со враќањето на Ракитиќ во тимот, Барселон сака да му ја покачи цената на фудбалската берза и добро да заработи од разделбата во Хрватот во јануари.
Според последните информации од Шпанија, Ракитиќ е се поблиску до италјанскиот калчолигаш Интер, со кого вечерва Барселона игра меч од групата во Лигата на шампионите.
Каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека последниот состанок на двата европски гиганти конечно вродил со плод. Претходно, Барселона бараше 30 милиони евра, а Интер инсистираше на позајмица, со задолжителна клаузула за откуп во јуни 2020 година. Според каталонските медиуми, двете страни на крајот нашле заеднички јазик, но деталите од договорот нема да бидат обелоденети во јавноста до крајот на месецов. Ако се реализира оваа трансфер-најава Ракитиќ би бил големо засилување за тимот на Антонио Конте, кој води во трката за скудетото во Италија со неприкосновениот Јувентус.