Алберто Фернандез (60) денеска официјално ја презеде должноста претседател на Аргентина, откако положи заклетва во Парламентот.
Фернандез на функцијата шеф на државата го замени Маурицио Макри.
На местото потпретседател е избрана Кристина де Киршнер Фернандез (66), која беше претседател од 2007 до 2015 година.
Претседателот Фернандез на Твитер напиша дека ќе се потруди да и помогне на Аргентина „да застане на свои нозе”.
Тој по струка е адвокат, а беше и шеф на кабинетот на Кристина де Киршнер Фернандез.