– Светската рекордерка во скок со стап во женска конкуренција, Елена Исинбаева, смета дека четиригодишните санкции за Русија кои ги изрече Светската анти-допинг агенција, ВАДА, се убиствени.
„Ова се екстремно груби, нефер, убиствени санкции. Заедно треба да одлучиме дали ќе ја прифатиме одлуката или ќе се жалиме”, напиша Исинбаева на Инстаграм, и додаде дека никој не ни очекувал позитивна пресуда.
Според Исинбаева, неразбирливо е како може да се загрозат правата на руските спортисти кои не користеле допинг, а да немаат право да настапуваат под руско знаме на светските првенства или Олимписките игри.