Анчелоти доби отказ откако го однесе Наполи во осминафиналето од ЛШ

Карло Анчелоти доби отказ неколку саати откако Наполи обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Иако Наполи го победи Генк со хет-трикот на Аркадиум Милик и стави крај на серијата од девет натпревари без победа на неговиот клуб, сепак тоа не значеше спас за Анчелоти.

„Наполи одлучи да го смени Анчелоти од позицијата прв тренер. Пријателството и добриот однос меѓу претседателот Де Лаурентис и Карло Анчелоти остануваат недопрени од овој потег“, информираше Наполи на својот Твитер профил.

Треба да знаете
Последни објави