Срѓан Ѓоковиќ: Новак е во притвор во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се појави во Мелбурн каде треба да игра на Австралијан Опен, но доживеа вистински шок затоа што визата му беше одбиена и потоа почна драмата на аеродромот.

Владата на државата Викторија не сака да му издаде виза на Ѓоковиќ. Пред неколку часа Ноле пристигна во Австралија, ама и покрај најавите дека во Мелбурн ќе престојува со специјална медицинска пропусница, сепак, надлежните дале одговор дека, наводно, настанала грешка при апликацијата за виза кај некој од тимот на Србинот.

Од она кое го пишуваат медиумите, Ѓоковиќ моментално е на аеродромот. Го чуваат полициски службеници, во посебна соба во која е изолиран и никој не смее да оди кај него. Информацијата за „Б92“ ја потврдил неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на овој Грен Слем требаше да ја брани титулата и да напаѓа рекорд, но што ќе се случува во следниот период, никој не може да каже.

Треба да знаете
Последни објави