Уредите со оперативен систем на Microsoft – Windows 10 Mobile денеска ќе ги добијат своите последни безбедносни ажурирања,а најголем дел од апликациите, како што е Whats Up од 1 јануари нема да можат да функционираат на овие мобилни телефони.
Неодамна, Бил Гејтс рече дека неуспехот на мобилниот оперативен систем е негова најголема грешка како шеф на Microsoft.
За жал, дури и инвестицијата да се купи мобилниот одел на Nokia не успеа да ја врати платформата на вистинскиот пат. Microsoft го стекна оделот на Nokia за повеќе од 7 милијарди долари кога Стив Балмер беше шеф на компанијата.
Сега плановите на компанијата се во две насоки. Од една страна, развива голем број мобилни апликации, главно за Android, вклучително и сопствен „лаунчер“, што може да ги натера корисниците да ги користат неговите услуги. Од друга страна, развојот на мобилниот хардвер продолжува, при што неодамна беа најавени два интересни уреди – телефонот Surface Duo, базиран на Android, и Surface Neo сo Windows 10X.