Кум бадникар за 2020 година е Антони Пешев, а здравичар Климе Коробар

Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, за кум-бадникар во 2020 година го избран Антони Пешев, а здравицата ќе ја каже Климе Коробар.

Годинава по 28. пат ќе се одржи манифестацијата,  а традиционално, на 22. декември, од падините на Водно на граѓаните ќе им биде обзнането дека сѐ е готово за централното одбележување на Бадник, што ќе се одржи на 6. јануари на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави