Градоначалникот Стефан Богоев рече дека Општина Карпош е во финална подготовка на анкета со која граѓаните ќе одлучат дали се за регулација на паркирањето. Прво ќе бидат опфатени урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, а анкетирањето ќе се спроведе теренски, по домаќинства.
Тој кажа дека до Општината пристигнале поголем број на петиции од граѓани со цел да се регулира паркирањето.
-Локалната самоуправа соработува со ЈП ‘Градски паркинг’, со цел да се понуди решение, со кое за резидентите паркирањето би останало бесплатно, за едно, две и три возила. Со регулацијата на паркирањето, ќе се исцртатат дозволените места за паркирање, ќе се ослободат голем дел од тротоарите и зелените површини, и ќе се создадат полесни механизми за санкционирање на непрописно паркираните возила. Доколку постои интерес и од други урбани заедници, Општината ќе продолжи со спроведување на анкетата, рече Богоев.