Косовскиот претседател Хашим Тачи ја свика за 24 декември во 9 часот конститутивната седница на седмиот состав на Собранието на Косово, произлезен од парламентарните избори одржани на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во соопштението од кабинетот на Тачи се наведува дека одлуката е донесена согласно неговите уставни и законски обврски и овластувања, како и врз основа на објавата на Централната изборна комисија од 27 ноември за сертификација на конечните резултати од предвремените избори.
– Претседателот и Претседателството на шестиот состав на Собранието на Република Косово, согласно соодветното законодавство кое е на сила, ќе го изготват дневниот ред за Првата седница на седмиот состав на Собранието на Република Косово, се наведува во соопштението од кабинетот на косовскиот претседател.