Сите ракометни репрезентативци се негативни на ковид-19

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, ќе може да смета на сите расположени ракометари за вториот тест против Израел, кој се игра вечерва во салата „Борис Трајковски“.

Утрово, ракометарите и членови на стручниот штаб имаа тестирање за ковид-19, а сите резултатите се негативни, што секако е одлична вест за плановите на Лазаров за непречено одвивање на подготовките пред заминувањето на ЕП.

Македонија денес ќе го има последниот контролен натпревар пред континенталниот шампионат, каде ја чекаат тешки дуели со Словенија, Данска и Црна Гора.

Во досегашниот дел од подготовките момците на Лазаров извојуваа три победи. Двапати беше совладана селекцијата на Кувајт, а вечера падна и Израел во првиот меѓусебен тест.

Треба да знаете
Последни објави