Најмалку 13 лица загинаа во пожар во фабрика за пластика во Бангладеш

Во пожарот што избувна во фабрика за пластика во близина на Дака, главниот град на Бангладеш, загинаа најмалку 13 лица, а 21 се повредени, соопшти денеска полицијата.

Полицискиот претставник Мохамед Баху Миа изјави дека пожарот избувнал во средата.

Според него, едно лице загинало на самото место, додека 12 им подлегнале на повредите во болницата.

Причината за пожарот е непозната, пренесува АП, истакнувајќи дека несреќи од ваков вид се вообичаени во Бангладеш.

Треба да знаете
Последни објави