Лука Дончиќ по подолга пауза им се врати на натпреварите, одигра 31 минута, постигна 14 поени, имаше 10 асистенции и девет скока во победата на Далас на гостувањето кај Оклахома со 95-86, а поефикасни од Дончиќ во составот на Далас беа Крис и Хардавеј со по 15 поени. Прво име во редовите на Тандер беше тинејџерот Џош Гиди. Со учинок од 17 поени, 14 асистенции и 13 скока, Австралиецот стана најмладиот играч во историјата на лигата со трипл-дабл. На 19 години и 84 дена го „урна“ досегашниот рекордер ЛаМел Бол.
По десет пропуштени натпревари – прво поради повреда на коленото и скочниот зглоб, а потоа поради коронавирус – Дончиќ на теренот мина 31 минута. Тоа беше најдолгата пауза во неговата кариера, а по натпреварот рече дека се чувствува „чудно“.
– Градите ми гореа, но мислам дека малку по малку ќе се вратам во форма. Беше чудно да се шутира, немав поим дали топката ќе оди во кошот или не. За еден шут бев убеден дека е фантастичен, дека влегува внатре, а беше „’air ball“,се насмеа Дончиќ.
Џејлен Браун го предводеше Бостон до победа над Орландо од 116-111 остварена по продолжение. Тој постигна 50 поени, а имаше и 11 скокови. Најдобар во составот на Орландо беше Рос со 33 поени.
Резултати:
Торонто – Њујорк 120:105
Бостон – Орландо 116:111
Кливленд – Индијана 108:104
Сакраменто – Мајами 115:113
Шарлот – Феникс 99:133
Оклахома – Далас 86:95
ЛА Лејкерс – Минесота 108:103