Дерозан два натпревари по ред постигнува победничка тројка, Вориорси подобри од Јута

Демар Дерозан втор натпревар по ред постигнува победничка тројка за својот тим Чикаго булс, кој го презеде првото место во Источната конференција на НБА лигата. Со ова тој се израмни со Мајкл Џордан и Тони Кукоч со најмногу одлучувачки тројки во последните секунди.

Овој пат тоа се случи на дуелот против Вашингтон визардс каде што Чикаго славеше со 117:116 по продолженијата, повторно благодарение на трите поени пред самиот звук на сирената.

За разлика од минатиот пат против Индијана, кога Де Розан погоди откако отскокна со една нога, сега, ситуацијата беше далеку потешка, бидејќи двајца кошаркари на Вашингтон се обидоа да го изблокираат, но, не успеаа во својата намера.

Мечот го заврши со 28 поени, 9 скока и 5 асистенции. Лавин имаше 35 поени, Вучевиќ запиша дабл-дабл од 22 поени и 12 скока. На другата страна Кузма имаше 29 поени и 12 скока, додека Бил запиша 27 поени и 17 асистенции.

Фантастичната последна четвртина за Голден Стејт Вориорс донесе исклучително тешка победа на теренот кај Јута Џез (116-123). Домашните кошаркари имаа контрола врз случувањата на теренот, но потфрлија во последните десет минути. Стеф Кари заврши со 28 поени, а Ендру Вигинс се надоврза со 25. По 20 поени за „џезерите“ запишаа Гобер, Богдановиќ и Мичел.

Никола Јокиќ и Факундо Кампацо го водеа Денвер до победа над Хјустон (111-124). Српскиот центар покрај 24 поени собра и единаесет скока, а плејмејкерот му помогна со 22 поени. Домаќинот блесна во последниот период, но беше доцна да размислува за пресврт.

Лос Анџелес Клиперс излезе на крај со фантастичниот Бруклин Нетс (116-120). Не помогна ниту „трипл-дабл“ учинокот на Џејмс Харден, кој продолжи да реди одлични игри. На крај заврши со 34 поени, 12 скока и 13 асистенции, а Кевин Дурант постигна 28 поени и собра девет скока. Меѓутоа на сето тоа гостите имаа одговор, па заслужено се израдуваа на победата. Најдобар ај победникот беше Бледсоу со 27 коша.

Треба да знаете
Последни објави