Грчката крајбрежна стража спаси 125 мигранти и бегалци од морето во последните 24 часа, соопштија властите.
Мигрантите, како што се наведува, биле пронајдени во регионите на Александрополис, Лезбос и Кос.
Истотака, околу 247 други мигранти се распоредени на пет грчки острови, но не се наведени детали, пренесува агенцијата „АНА“.