(Видео) Ембид ги преслуша ѕвездите на Бруклин

Во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА се одиграа три натпревари, а еден, меѓу  Денвер и Голден стејт беше одложен поради голем број заразени со Ковид-19 во двете екипи. Возбудлива пресметка имаа Бруклин и Филаделфија која ја добија гостите со 110:102.

Филаделфија предводена од расположениот за игра центар, Џоел Ембид, ја доби битката со ѕвездите на Бруклин,  Дурант и Харден. Ембид постигна 34 поени и имаше 7 скока, а за еден поен ги надмина и Дурант и Харден, кои постигнаа по 33 поени.

Ноќеска во НБА се одиграа само уште два меча во кои Милвоки го растури Орландо (136:118), додека Вашингтон предводен од Бил Бредли го совлада Кливленд (110:93).

Треба да знаете
Последни објави