Османи: Со една изборна единица ДУИ добива два пратеника, но Албанците можат да загубат десет

Премиерот Зоран Заев најави дека во СДСМ ќе почне внатрешна дебата за тоа колку е одржлива коалицијата со ДУИ, откако партијата на Али Ахмети поднесе повеќе од 5.000 амандмани на предложените измените на Изборниот законик, а кои треба да донесат една изборна единица.

Од Мала Речица, пак, му порачаа на премиерот амандманите да не ги сфаќа лично.

Според вицепремиерот Бујар Османи, со една изборна единица ДУИ добива два пратеника повеќе, но така губат Албанците.

 

Вистина е дека една изборна единица повеќе му одговара на ДУИ, затоа што математиката вели дека ДУИ како најголема албанска партија може да земе два пратеника повеќе со една изборна единица отколку со шест, но ќе се намали бројот на албански пратеници, од осум до 10 пратеника. Па сега вие оценете дали е подобро ДУИ да добие два пратеника повеќе или Албанците да загубат осум или 10 пратеници, изјави Османи.

 

https://www.facebook.com/bujar.osmani.7/videos/471469130416816/?__xts__%5B0%5D=68.ARBZW-yvXKzBM2x-CftvnMMfEZANoPL1kbyZgWSBkd__Dcmn7E88_PxKDwbC5gUqEVB1-TaO5EenQy-5KqotTVyJjC21gEP-LgBM9B3dZ0CQGZQy16tSuweGW5wtu0m9psTHj0VNysRUDXLmloKWW3Y-g9m_mkmxmRd2AWM8HJ-axTNQWXMYfYxS4OR7d27EgyUM-_5esisCSBpJarJj6cTDbx3CgroTBMGtoR6zEfVMg5Fd0AfPQmvv-AJV5YPKSk6lBSq4XPvkPbdEAKG6Sw5X7nFLZXKFIlnoP4oj2uW5hPWtZSmmBj-yI81KYo7EMRqYJIBy5P-Lk9lz7ZhbbnrEpavmtW76aqNmGg&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави