Северна Кореја денеска соопшти дека успешно извршила уште еден тест на локација за лансирање сателити, како дел од акциите насочени кон „спречување и надминување на американската нуклеарна закана“, јавува севернокорејската државна агенција КЦНА.
Како што пренесе „Ројтерс“, началникот на генерал штабот Џонг Чон изјавил дека пробата има за цел подобрување на одбраната на Северна Кореја преку развој на ново оружје.
„Непроценливите податоци, искуството и новите технологии стекнати од неодамнешните тестови за истражување на одбраната на науката, ќе бидат целосно применети за развој на друго стратешко оружје на Северна Кореја, за дефинитивно и со сигурност да се справи и надмине американската нуклеарна закана“, рече Чон.