Насилничката матрица е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата матрица на Никола Груевски, ставена во функција на одбрана на криминалните политики на режимот кои на Македонија и донесоа, поделби, уназадување, насилство, загрозување на човековите права, уривање на демократијата и удар врз слободата, се вели во соопштението на СДСМ.
Христијан Мицкоски е опкружен со советници-насилници. Скандалозно, советникот на Мицкоски, поранешниот дипломат Томислав Димитровски, репетирал автоматска пушка и ја вперил кон соседите со вербални закани.
Димитровски беше амбасадор поставен од Никола Груевски, денеска е советник и дел од кабинетот на Христијан Мицкоски.
Недозволиво е кој било да се заканува со огнено оружје, а најмалку човек кој е дел од кабинет на шеф на политичка партија.
Насилничко однесување на советникот на Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ нуди само насилство и тензии кон сопствените граѓани.Таков е односот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кон граѓаните.
Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое 11 години им се закануваше на граѓаните и ги малтретираше.
Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое ги прогласи за патриоти насилниците со црни маски и качулки, кои го извршија бруталниот напад на Собранието на 27 април.
Ако Мицкоски мисли дека со насилници, со закани и насилство ќе ги исплаши граѓаните и ќе го врати режимот и заробената држава, страшно се лаже.
На 12 април тој и неговите советници – насилници ќе доживеат нов убедлив пораз од граѓаните, бидејќи времето на уцени и закани заврши, со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.