Нашата земја, Северна Македонија – 30та земја членка на НАТО. Вредеше! Дадовме збор и донесовме резултат, порача заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска пред огромниот број присутни граѓани на трибината На Прав пат во Скопје.
Пред 10 дена, секој наш Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак… имаше чувство дека победил, дека успеал, дека има причина да биде горд. После години пред вратите на НАТО, тој ден бевме внатре, бевме свои на своето заслужено место во најмоќниот сојуз. –посочи Шекеринска.
Таа зборуваше за тоа дека дека нашиот успех не беше ниту лесен ниту извесен. Најлесно беше да се биде песимист и да се жали над нашата судбина. –рече Шекеринска. Но, решивме поинаку – да бидеме амбициозни, ама и да се бориме и да сработиме. Резултатот покажа дека сме биле во право.-додаде таа.
Нашите заеднички денови по улиците и плоштадите на Скопје, тепањето, малтретирањето… лагите, пропагандата против сите нас со државни пари… постојаното оцрнување, па и крвта на 27 април… сето тоа денес избледе. Вредеше и тоа да се истрпи, и тоа да се преживее – за да можеме да кажеме дека напишавме историја!
Можеме да бидеме горди!
По 30 години мечта и сон – нашиот град ќе биде главен град на земја членка на НАТО!-посочи Шекеринска од трибината во Скопје.
Линк до видео (youtube): https://youtu.be/s3EaZ_pEucM